Достапни линкови

Тодориќ: Во Хрватска ми е загрозена правната безбедност


Сопственикот на „Агрокор“ Ивица Тодориќ, Лондон, 07.11.2017.

Сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ напиша синоќа на својот блог дека не се криел и оти се наоѓа во Лондон, бидејќи му е загрозена елементарната правна безбедност во Хрватска. Тој додава дека нема да дозволи со политички декрет да се „осуди без судење“ и да се замолкне, бидејќи смета дека неговиот говор „им пречи на оние кои му ја одземале сопственоста“. Тодориќ вчера и се предаде на лондонската полиција, по што е уапсен и однесен пред суд, кој го ослободил со кауција од 100.000 фунти. Истовремено, одземен му е пасошот и должен е да носи безбедносна алка, како и да се јавува трипати неделно во полиција. Следното судско рочиште е закажано за 10 април 2018 година.

XS
SM
MD
LG