Достапни линкови

Трамп ја прекина ненадејната посета на зоната меѓу двете Кореи поради магла


Американскиот претседател Доналд Трамп, Сеул, 07.11.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп бил принуден, поради лошто време, да ја прекине ненадејната посета на демилитаризираната зона која ги дели двете Кореи. Неговиот хеликоптер беше вратен од зоната поради магла. Американските претседатели традиционално ја посетуваат оваа многу чувана гранична линија, каде што војници од Северна и Јужна Кореа се наоѓаат на двете страни од бариерата. Неодамна тоа го сторија потпретседателот Мајк Пенс и секретарот за одбрана Џим Матис. Пред азиската турнеја, Белата куќа соопшти дека претседателот Трамп нема да ја посети зоната, бидејќи таквите посети биле „клише“. По посетата на Јужна Кореја Трамп заминува за Кина.

XS
SM
MD
LG