Достапни линкови

Могерини: Конгресот ќе го почитува нуклеарниот договор со Иран


Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека американските конгресмени и сигнализирале оти планираат да обезбедат Соединетите држави и натаму да го спроведуваат нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година. „Она што им го реков на луѓето во Капитол Хил е дека САД треба да го почитуваат договорот и имам гаранции од нивна страна дека токму е тоа духот во кој работат“, рече Могерини во Вашингтон. Претседателот Доналд Трамп го доведе под прашалник договорот со кој се ограничуваат нуклеарните активности на Иран во замена за олабување на меѓународните санкции. Тој одби да потврди дали Иран се придржува кон договорот.

XS
SM
MD
LG