Достапни линкови

Сопственикот на "Агрокор" Тодориќ ослободен со кауција


Сопственикот на „Агрокор", Ивица Тодориќ, кој претходно денеска и се предаде на лондонската полиција врз основа на европски налог за апсење, беше ослободен од затвор со обврзно носење безбедносна алка, објавија хрватските медиуми.

Повикувајќи се на свои извори, порталот „Дневник.хр“ објави дека судијата го пуштил на слобода Ивица Тодориќ со посебни мерки.

Следното рочиште е закажано за 2018 година. Тодориќ платил кауција од 100.000 фунти, а исто така му бил одземен пасошот, и е должен да носи безбедносна алка

XS
SM
MD
LG