Достапни линкови

Русин уапсен во Естонија поради шпионажа


Предупредувачки знак на тастатура со текст - Рускo хакирање.

Естонските власти уапсиле руски државјанин, осомничен дека е агент на руската Федерална служба за безбедност(ФСБ), информира тамошното обвинителство. Уапсениот е осомничен за подготовки на компјутерски криминал. Обвинителката Ина Омблер денеска изјави дека со минатонеделното апсење е „спречена поголема штета“. Според неа, мета биле естонските државни институции, но не соопшти детали. Таа рече дека уапсениот, чие име не се соопштува, работел за ФСБ против Естонија и дека сторил „тешко злосторство“. Во 2015 и 2016 година во Естонија беа осудени и затворени тројца луѓе поради соработка со руските разузнавачки служби.

XS
SM
MD
LG