Достапни линкови

Апелацискиот суд одлучува за „бомбите“ како доказ во случајот „Тенк“


Апелациски Суд

Во Апелацискиот суд Скопје денеска се одржува јавна седница на која се одлучува дали „бомбите“ ќе бидат доказ за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Овој предмет се однесува на постапката за набавката на „мерцедесот“ на поранешниот премиер Никола Груевски.

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, побара од судот да дозволи бомбите да се пуштаат на судењата за овој предмет.

“Од нив најдиректно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело” рече Фетаи.

Одбраната на поранешната министерка Гордана Јанкуловска пак побара од Апелација да не ги прифаќа бомбите како доказ.

“Излегува дека поранешната министерка за внатрешни работи самата себе се прислушувала, односно дека самата креирала докази против себе “ рече адвокатот, Боро Тасевски.

Јанкуловса се бранеше со цитирање на пресуди на Европскиот суд за човекови права. Според неа нарушена и е приватноста која, како што рече, е цивилизациска придобивка.

“Само еден мој број е прислушуван 732 дена. Нели е тоа кршење на човековите права” рече Јанкуловска .

Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски, со што му нанеле штета на државниот буџет. Апелацискиот суд досега одлучи „бомбите“ да бидат докази во случаите „Тендери“, „Насилство во Центар“, „Триста“, „Топлик“ и „ТНТ“.




XS
SM
MD
LG