Достапни линкови

Тахири - Време е ЕУЛЕКС да ја заврши мисијата на Косово


Припадници на ЕУЛЕКС во Косово

Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека е време Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) да го заврши својот мандат истакнувајќи дека Косово изградило капацитети за да може да функционира.

„Зборуваме за транзициска фаза со ЕУЛЕКС, затоа што во нашиот правосуден систем се присутни во различни облици. Мислам дека Косово успеа да изгради капацитети врз кои може понатаму да функционира“, изјави тој.

Тахири додаде дека секоја помош од меѓународниот фактор е добредојдена.

„Мислам дека е време да влеземе во фаза на транзиција и ЕУЛЕКС да почне да ги пренесува своите овластувања на косовските институции“, рече Тахири.

XS
SM
MD
LG