Достапни линкови

Двајца загинати, 20 повредени во напад врз телевизија во Кабул


Вработени во ТВ Шамшад по ослободувањето

Двајца луѓе загинаа, а најмалку 20 се ранети во денешниот вооружен напад во приватна телевизија во главниот град на Авганистан, Кабул.

„Луѓе облечени во полициски униформи влегле во телевизијата и фрлале бомби при што бил убиен еден од чуварите, а другиот бил ранет“, изјави директорот на телевизијата Шамшад, Абед Ехсес.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, пак, изјави дека загинале двајцата чувари и дека биле убиени двајца напаѓачи.

Авганистанските специјалци пробија дупка во бетонскиот ѕид на зградата, упаднаа внатре и го окончаа нападот. Неколкумина вработени скокнале од прозорците за да избегаат.

Веднаш по почетокот на нападот рано утринава, талибанците негираа дека се вмешани во нападот. Исламската држава подоцна ја презеде одговорноста за нападот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди нападот за време на неговиот говор во Брисел. Осуди стигнаа и од новинарски здруженија.

XS
SM
MD
LG