Достапни линкови

Напад врз телевизиска станица во Кабул


Војници на НАТО во близина на телевизијата Шамшад во Кабул

Нападот врз телевизијата Шамшад во Кабул заврши, а телевизијата продолжи со емитување програма. Командантот на Авганистанските специјални сили рече дека сите вработени се спасени. Не е познат бројот на загинати.

Веднаш по почетокот на нападот рано утринава, талибанците негираа дека се вмешани во нападот. Исламската држава подоцна ја презеде одговорноста за нападот.

Најмалку тројца напаѓачи утринава упаднале во популарната телевизија откако била слушната експлозија, велат очевидци. При упадот убиле еден член на обезбедувањето. По упадот од зградата се слушаа истрели. Дел од новинарите и вработените успеале да избегаат.

Полицијата соопшти дека стравува оти има жртви, но не можеа да кажат колку.

На официјалниот Твитер профил на телевизијата беше објавено дека има неколкумина загинати, а вработени по телефон изјавија дека пет лица се убиени.

Минатата година, талибански бомбаш самоубиец уби седуммина вработени во најголемата приватна телевизија во Авганистан, Толо.

XS
SM
MD
LG