Достапни линкови

Одложено судското рочиште за „Труст“


Сеад Кочан

Судското рочиште за случајот „Труст“ е одложено за 14 ноември, бидејќи адвокатите на одбраната ја немале добиено листата со докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство Гаврил Бубевски рече дека тие до Судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата Судот е должен да ѝ ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Во „Труст“ првообвинет е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица. Обвинети се управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за незаконско добивање тендер на ЕЛЕМ.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста.

XS
SM
MD
LG