Достапни линкови

Трамп ја предупреди Северна Кореја со „целосно користење на воената моќ“


Американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Северна Кореја дека САД се подготвени целосно да ја искористат својата воена моќ за да се одбранат себе си и своите сојузници, но додаде дека тој е посветен на „сите достапни алатки, освен воена акција“ да спречи конфликт.

„Северна Кореја е светска закана за која е потребна светска акција“, изјави денеска Трамп на заедничката прес-конференција со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин во Сеул.

Тој ја повика Северна Кореја да „ја направи вистинската работа“ и рече дека „гледа некакво раздвижување“, но одби да појасни за каков вид на напредок се работи.

Трамп пристига во Јужна Кореја утринава од Јапонија.

XS
SM
MD
LG