Достапни линкови

ЕК: нема дијалог со Полска за реформите во судството


потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс

Европската унија соопшти дека се уште нема суштински дијалог со полската влада откако Унијата покрена правна акција против Варшава околу контроверзниот закон за судството во почетокот на оваа година. „И покрај испратените четири писма со покани за средба со полските власти со жал констатирам дека тие покани не се прифатени“, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс. Во јули годинава Комисијата покрена законска акција против полската влада околу новиот закон за кој Брисел верува дека би можело да ја поткопа независноста на судовите во земјата и да и даде поголема влијание на владејачката Партија на правото и правдата врз правосудството.

XS
SM
MD
LG