Достапни линкови

Трамп бара милијарди долари против Северна Кореја


Капитил Хил, Вашингтон

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара скоро шест милијарди долари дополнително финансирање за итно унапредување на ракетната одбрана за да можат САД да и се спротивстават на нуклеарната закана од Северна Кореја. Парите се бараат и за зголемување на бројот на американски војници во Авганистан и за поправање на бродовите на воената морнарица. Ова барање вчера беше предадено до Конгресот. Претседателот Трамп кој се наоѓа на турнеја во Азија побара дополнителни средства за да се изврши притисок врз Северна Кореја која ја нарече „закана за цивилизираниот свет“.

XS
SM
MD
LG