Достапни линкови

Отворен оган врз канцелариите на ПАСОК во центарот на Атина


илустрација

Грчката полиција соопшти дека непознати напаѓачи пукале пред полициски обезбеденото седиште на Социјалистичката партија ПАСОК во најстрогиот центар на Атина, но оти никој не бил ранет. Седиштето на социјалистите и порано беше цел на напади на анархистите кои врз зградата фрлале „молотови коктели“. ПАСОК доминираше со грчката политика пред финансиската криза, но потоа се распадна и неговиот остаток под тоа име сега е трета партија во Парламентот со само 19 од вкупно 300 пратенички места.

XS
SM
MD
LG