Достапни линкови

САД и Турција делумно ги обновуваат процесите за издавање визи


Турција - Жена чека пред амбасадата на САД во Турција.

САД и Турција делумно го обновија процесот на издавање визи, во мал чекор за намалување на тензиите еден месец откако избувна дипломатската криза меѓу двата сојузници.

Американската амбасада во Анкара денеска соопшти дека продолжува со „ограничени“ визни услуги, што значи дека ќе бидат достапни намален број на апликации за визи.

Потегот доаѓа еден ден пред средбата на турскиот премиер бинали Јилдирим со американскиот заменик претседател Мајк Пенс во Вашингтон.

Набрзо по соопштението на САД, турската амбасада во вашингтон на Твитер најави реципрочен потег.

Скоро еден месец беше суспендирано издавањето американски визи за турски државјани, што беше проследено со реципроцитетен одговор на Анкара.

XS
SM
MD
LG