Достапни линкови

Во Грција откриена група која продавала лажни документи на мигранти


Илустративна фотографија.

Грчката полиција соопшти дека разбила голема криминална мрежа која овозможувала илегални имигранти да добијат лажни идентитети и да патуваат слободно во Европа.Оттаму наведуваат дека уапсени се 20 луѓе во области околу Атина, а оти дел од активностите на групата било продавање на лажни документи на Албанци, за да заминат од Грција до Велика Британија.

Грчката плиција наведува дека групата била разбиена во соработка со полиции од други држави во Европа, дека откриени се четири локации каде се изработувале документите со високо софистицирани машини и кои клиентите ги добивале за неколку часа по нарачката.

Криминалната група наплаќала по 500 евра за пасош, додека други документи имале пониска цена.

XS
SM
MD
LG