Достапни линкови

Уапсени руски левичари на собир во Санкт Петербург


Санкт Петербург - Полицијата го отстранува банерот поставен на зграда на познатата улица „Невски Проспект.“

Повеќе од 20 руски левичарски националисти денеска беа уапсени, откако одржаа собир во вториот најголем град во Русија, Санкт Петербург. Десетици поддржувачи на опозициската партија „Друга Русија“ се собраа на главната улица „Невски Проспект“ по повод одбележувањето на стогодишнината од Болшевичката револуција. Тие поставија голем банер на зграда на кој беше напишано „разбуди се Владимир Ленин“ – тогашниот лидер на револуцијата.

Полицијата ги растера учесниците во собирот и уапси 23 активисти. Вчера полицијата уапси стотици луѓе откако националистите се собраа центарот на Москва на антивладин протест кој се совпадна со денот на прославата на Денот на националното единство.

XS
SM
MD
LG