Достапни линкови

Заев - Регионалната соработка врвен приоритет за евроинтеграциите


Премиерот Зоран Заев на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“ во Виена.

Стратегијата на Европската унија (ЕУ) за проширувањето што ќе биде најавена од претседателот Жан Клод Јункер во февруари 2018 година и Самитот на Западен Балкан во Софија во мај 2018 година, се круцијални за осигурување на европската иднина за Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на Виенскиот економски форум „Дијалог за иднината 2017“ што се одржува во Виена.

Тој рече оти очекува јасен патоказ за пристапниот процес на Македонија и дека ниту една од земјите не треба да биде оставена.

„Прв клучен чекор треба да биде датум за почеток на пристапните преговори до јуни 2018 година врз основа на резултатите што ќе ги постигнеме во реформскиот процес преку спроведување на реформскиот план 3-6-9. Европа е економски и политичка посилна, сите заедно треба да го искористиме овој нов моментум“, изјави Заев.

Тој ја нагласи определбата на Владата да гради добрососедски релации и регионална соработка како врвен приоритет и стратешка цел во процесот на европските интеграции на земјата.

XS
SM
MD
LG