Достапни линкови

Ердоган го започна проектот за изградба на оперска куќа во Истанбул


Архива - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го започна контроверзниот проект за изградба на оперска куќа во центарот на Истанбул, велејќи дека новото здание ќе биде симбол на градот. Тој денеска рече дека современата оперска куќа ќе му даде нов живот на плоштадот Таксим, кој беше центарот на масовните антивладини протести во 2013 година, поттикнати од урбанистичкиот план за тој дел од градот.

Операта со 2.500 седишта треба да биде отворена во 2019 година, ќе биде изградена на местото на Културниот центар Ататурк, кој беше отворен во 1969 година, но набрзо потоа затворен поради пожар. Центарот повторно беше отворен во 1978 година, па затворен во 2008 година поради реновирање, по што не беше отворен.

Критичарите на новиот проект велат дека тој има за цел да го тргне симболот на модерната Турска Република, основана од Мустафа Кемал Ататурк по распадот на Отоманската Империја.

XS
SM
MD
LG