Достапни линкови

ДИК ќе расправа за прегласување на избирачко место во Чаир


Архивска фотографија: Државната изборна комисија

ДИК попладнево на седница треба да разгледа и усвои решение за повторување на гласањето во избирачкото место 2901 во општина Чаир, од вториот круг на локалните избори што се одржаа на 29 октомври.

Членот на ДИК Субхи Јакупи претходно изјави дека Управниот суд донел одлука за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 со образложение дека овој резултат може да влијае врз изборниот резултат. Најави дека гласањето ќе се одржи в недела, на 12 ноември.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од Беса во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа. На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи.

Управниот суд претходно ги одби останатите 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори одржани на 29 октомври.

XS
SM
MD
LG