Достапни линкови

Пучдемон – Слободен сум


Сменетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон

Сменетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон, кого белгиското обвинителство денеска го пушти на условна слобода, ја критикуваше шпанската влада поради апсењето поранешни каталонски министри. Пучдемон денеска на Твитер напиша дека е „слободен и без кауција“ и додаде дека неговите мисли се со колегите кои неправедно се наоѓаат во затвор, објавија новинската агенција Асошиејтед прес.

Пучдемон и четворица поранешни каталонски министри денеска се пуштени на условна слобода, но не смеат да ја напуштат Белгија.

Белгиските власти ги сослушале Пучдемон и неговите најблиски соработници, кои вчера доброволно се предадоа, еден ден откако Шпанија издаде европски налог за нивно апсење.

Поранешниот каталонски лидер и неговите соработници не смеат да ја напуштаат Белгија, мора да останат на адресите на кои се пријавени и мора да одговорат на сите судски и полициски повици, се наведува во соопштението од обвинителството.

Тие ќе мора да се појават пред судот, кој го разгледува шпанското барање за нивна екстрадиција. Извори од белгискиот суд велат дека првото рочиште ќе се одржи на 17 ноември.

XS
SM
MD
LG