Достапни линкови

Загина екс-претседателот на СРД Зоран Стефаноски


Зоран Стефаноски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија

Во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Скопје, загина Зоран Стефаноски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Како што информираат од полицијата, Стефаноски, управувајќи возило „Рено меган“ со прилепски регистарски таблички, околу еден часот по полноќ излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд кај кружниот тек кај хотелот Континентал.

Со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде во 01:20 минути им подлегнал на здобиените повреди.

XS
SM
MD
LG