Достапни линкови

Тевдовски - Ако им дадеме на сите, буџетскиот дефицит ќе биде три пати поголем


Министерот за финансии Драган Тевдовски

Буџетските корисници имаат поголеми барања за 500 милиони евра. Ако се исполнеа сите нивни желби за покачување на платите, буџетскиот дефицит ќе биде осум, а не 2,7 отсто од БДП, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, презентирајќи го Предлог- буџетот за 2018 година пред членките на Стопанската комора на Македонија.

Тој уште еднаш повтори дека за зголемување на приходите се предвидува зголемување на акцизата на нафтата за три денари и зголемување на максималната основица на плаќањето придонеси од 12 на 16 просечни плати.

До 15 ноември Владата треба да го усвои Предлог- буџетот и потоа да го достави до Собранието.

XS
SM
MD
LG