Достапни линкови

Трамп - Нуклеарната програма на Северна Кореја е закана за светот


Американскиот претседател Доналд Трамп облекува пилотска јакна за време на средбата со американските војници во воздухопловната база Јокота во близина на Токио

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нуклеарната програма на Северна Кореја е закана за светот и повтори дека „ерата на стратешко трпение“ со Пјонгјанг е завршена. Зборувајќи по денешната средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио, Трамп рече дека двете земји работат на спротивставување на „опасните агресии“ од страна на Северна Кореја на Ким Џонг Ун.

Нуклеарната програма на Северна Кореја „е закана за цивилизираниот свет и за меѓународниот мир и стабилност“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со Абе.

Јапонскиот премиер рече дека Токио го поддржува ставот на Трамп дека „сите опции“ се во игра кога се работи за Северна Кореја, велејќи дека државите се „100 проценти“ согласни во однос на ова прашање.

Пред средбата со Абе, Трамп негодуваше за трговските односи меѓу Јапонија и САД, велејќи дека ние „не се фер и отворени“.

Трговијата и кризата околу нуклеарната и програмата за балистички проектили на Северна Кореја се главните теми на кои се фокусира Трамп на неговата 12-дневна азиска турнеја на која треба да посети пет земји. Освен Јапонија, тој ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.

При полетувањето од Хаваи, тој рече дека за време на патувањето очекува да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. Најверојатно место на средба меѓу двајцата претседатели би бил Форумот за Азиско-пацифичка економска соработка во Дананг во Виетнам на 10 и 11 ноември.

XS
SM
MD
LG