Достапни линкови

Наставничкиот пленум работи на формирање синдикат


Архивска фотографија: Протест на наставниците пред Министерството за образование и наука во Скопје на 22 март 2015

Група членови на Наставнички пленум вчера одржале иницијативен одбор за формирање синдикат. Одборот формирал работни групи кои ќе ја изготват потребната документација за регистрирање на синдикатот на Наставнички пленум во регистарот на Министерството за труд и социјална политика.

Биле формирани четири работни групи: за изработка на статут на Синдикатот на наставничкиот пленум(СНП), за изработка на предлог-програма за работа на СНП, за изработка на финансиски план и за преговори и регистрација.

Наставничкиот пленум е неформална група која од почетокот на 2015 година се бори за подобро образование во Република Македонија.

XS
SM
MD
LG