Достапни линкови

Завршни зборови за „Тврдина 2“


Првообвинетиот, поранешен началник на Петтата управа, Горан Грујовски, СЈО, Тврдина, архивска снимка

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да бидат презентирани завршните зборови на Специјалното јавно обвинителство и на одбараната во случајот „Тврдина 2“ во кој обвинети се поранешниот началник на УБК Горан Грујевски и уште шестмина вработени во УБК. „Имаме цврсти материјални и вербални докази. Сите докази се во прилог на теоријата на обвинението, така што уверени сме дека обвинитите ќе добијат осудителна пресуда“, рече обвинителката на СЈО Ленче Ристоска по главната расправа за овој предмет што се одржа на 2 ноември. Судијката Лидија Петровска тогаш го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на неопределено време, додека не се заврши неговата екстрадиција од Грција во Македонија. Повикувајќи се на Законот за кривична постапка, Шврговски посочи дека доколку му се суди во отсуство, ќе му биде повредено правото на одбрана. Обвинителите на СЈО, пак, ги отфрлија ваквите аргументи како неосновани бидејќи, спроед нив, судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката. Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување.

XS
SM
MD
LG