Достапни линкови

Трамп ја критикува Јапонија за трговските односи


Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе

Американскиот претседател Доналд Трамп го почна вториот ден од посетета на Јапонија со критики за трговските односи меѓу Токио и Вашингтон, наведувајќи дека тие не биле „фер и отворени“.

„Сакаме фер и отворена трговија, но сега нашата трговија со Јапонија не е фер и отворена“, изјави Трамп на денешната бизнис средба во Токио пред почетокот на официјалните разговори со премиерот Шинзо Абе.

„САД трпи голем трговски дефицит со Јапонија многу, многу години. Затоа ќе преговораме да најдеме решение на пријателски начин“, додаде тој, наведувајќи дека милиони јапонски коли се продадени во САД, а само неколку американски во Јапонија.

Трамп се наоѓа на десетдневна азиска турнеја.

XS
SM
MD
LG