Достапни линкови

Саудијците го обвинија Иран за „воена агресија“


Јеменски сили за безбедност, архивска снимка

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија го обвини Иран за ракетен напад од страна на јеменските шиитски бунтовници врз Ријад. Притоа е предупредено дека тоа би можело да се означи како „чин на војна“ на кој ќе следува соодветен одговор. Саудиска Арабија ги затвори сите пристапи до Јемен откако балистичка ракета била истрелана врз Ријад. Поради затворањето на пристапите е отежната работата и за хуманитарните групи во со конфликт зафатениот Јемен.

XS
SM
MD
LG