Достапни линкови

Во Романија протест за независно судство


Неколку илјади Романци протестираа во Букурешт

Неколку илјади Романци протестираа во неделата во Букурешт и во десетина други градови, барајќи независност на судството поради најавените владини реформи. Владата во јануари годинава се обиде да го ублажи законот против корупцијата, но се откажа од тоа по демонстрациите, најголеми од паѓањето на комунизмот во Романија. Нацрт реформите што ги критикуваше и Европската комисија им овозможува на лицата со кривична пресуда да се кандидираат на некои избори. Предлогот му овозможува на министерот за правда да именува обвинители што сега е должност на претседателот.

XS
SM
MD
LG