Достапни линкови

Во Грција уапсен маж при обид да прокриумчари 50 мигранти


илустрација

Грчката полиција соопшти дека уапсила 30-годишен маж, кој се обидел во својот минибус да прокријумчари 50 луѓе од Блиски Исток. Минибусот бил забележан на патот во близина на грчко-турската граница во саботата. Возачот одбил да застане при што почнала потера. Во минибусот откриени биле мажи, жени и деца, од кои 30 од Сирија, 19 од Ирак и едно лице од Авганистан.Полицијата соопшти дека бегалците платиле по 1.500 евра по лице за да бидат превезени во Грција. Во Грција во саботата е уапсено уште едно лице, кое се обидело да превезе десет Авганистанци.

XS
SM
MD
LG