Достапни линкови

Управниот суд одби 15 тужби за вториот круг од изборите


Управен суд Скопје

Управниот суд одби 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори што се одржаа на 29 октомври. Од Управниот суд за МИА изјавија дека за 16-та тужба се уште се одлучува. Најмногу тужби против одлуките на Државната изборна комисија до Судот поднесе „Алијанса за Албанците“ – вкупно 11, четири поднесе Беса, а една тужба поднесе Народното движење за Македонија. Претходно, ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

XS
SM
MD
LG