Достапни линкови

Во напад на црква во Тексас најмалку 20 жртви


Полиција пред црквата во Тексас каде е извршен нападот.

Американски медиуми јавија дека најмалку 20 луѓе биле убиени, а 30 повредени во напад на црква во сојузната држава Тексас. Нападот се случил во Првата баптистичка црква во Сатерленд Спрингс, мала заедница која се наоѓа на 50 километри оддалеченост од градот Сан Антонио.

Напаѓачот кој отворил оган кон насобраната толпа во црквата, како што јавија медиуми, бил застрелан од полицијата. Алберт Гомез Јуниор од локалната полиција изјави дека најмалку 27 лица загинале, а 25 биле повредени.

„Нека господ биде со луѓето од Сатерленд Спрингс, Тексас. ФБИ и спроведувачите на законот се на местото на настанот. Ја набљудувам ситуацијата од Јапонија“, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп, кој се наоѓа на 12 дневна турнеја низ Азија.

XS
SM
MD
LG