Достапни линкови

Пучдемон и неговите соработници се предадоа на полицијата во Белгија


Разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговата влада се предадоа на полицијата во Белгија. Според белгиското обвинителство, судот има рок до утре изутрина да донесе одлука како ќе се дејствува по налогот за нивно апсење издаден од шпанските власти.

Пучдемон и неговите соработници заминаа за Белгија откако шпанските централни власти привремено ја суспендираа автономијата на Каталонија по референдумот за независност на регионот. Тие се барани од шпанскиот суд под обвинение за побуна и злоупотреба на јавни средства.

XS
SM
MD
LG