Достапни линкови

Притворени 263 лица по антивладините протести во Москва


Руската полиција притворува демонстрант за време на вчерашните антивладини протести во Москва

Руските власти соопштија дека притвориле 263 лица кои учествувале на вчерашните антивладини протести во Москва за време на прославата на Денот на национално единство. Полицијата за време на протестите се судри со толпата националисти.

Руските власти завчера соопштија дека притвориле неколку поддржувачи на самопротераниот критичар на Кремљ, Вјачеслав Малцев во Москва кои планирале да предизвикаат немири со напади врз владини институции и полицијата за време на прославата. Малцев, кој се опишува себеси како националист и анархист на Јутјуб изјави дека Русија е подготвена за "револуција" овој викенд.

XS
SM
MD
LG