Достапни линкови

Либанскиот премиер кој поднесе оставка со обвинување до Иран


Либанскиот премиер Саад Харири

Либанскиот премиер Саад Харири кој најави дека се повлекува од функцијата ги обвини Иран и нивниот сојузник Хизбалах за дестабилизација на земјата и за ширење на немири во арапскиот свет.

Харири кој даде оставка за време на телевизиско обраќање додека беше во посета на Саудиска Арабија, истакна дека се плаши од обид за атентат. Неговиот татко, Рафик Харири,беше убиен во 2005 година додека ја извршуваше премиерската функција на Либан. Според Харири, Иран ја користи шиитската милитија Хизбалах да го шири своето влијание врз Либан.

XS
SM
MD
LG