Достапни линкови

Додик најавува нов Устав на Република Српска


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик

Република Српска следната година ќе влезе во процес на изработка на нов Устав, кој „нема да биде сецесионистички, но ќе и овозможи да се занимава со прашањето за отцепување“ од Босна и Херцеговина, изјави претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик. Според него, сегашниот Устав на Република Српска не одговарал на потребите на народот.

Додик на собир на Правниот факултет во Бања Лука најави дека по усвојување на новиот Устав во собраниска процедура, тој ќе биде ставен на референдум, по што доколку биде одобрен, ќе биде прогласен од страна на Народното Собрание на Република Српска.

XS
SM
MD
LG