Достапни линкови

Харадинај бара меѓународна арбитража за границата со Црна Гора


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека за решавање на прашањето околу разграничувањето меѓу Косово и Црна Гора ќе биде потребна меѓународна арбитража. Според него, тоа е потребно затоа што во Парламентот во Приштина не може да се обезбеди мнозинство за усвојување на сегашниот договор за границата меѓу двете земји.

Ратификацијата на договорот за границата со Црна Гора, заедно со зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал, се двата преостанати услови за укинување на визите за патување на граѓаните на Косово во земјите членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG