Достапни линкови

Кремљ: Нема соработка меѓу САД и Русија за Северна Кореја


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека немало соработка меѓу Русија и САД за Северна Кореја. Според него, имало само периодична размена на ставови меѓу двете страни.

Коментарот на Песков доаѓа во услови на шпекулации дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе се сретнат на азискиот економски самит во Виетнам наредната недела. Песков посочи дека има голема веројатност оти тие ќе разговараат за ситуацијата на Корејскиот полуостров доколку таква средба се одржи.

XS
SM
MD
LG