Достапни линкови

Иран изложи ракета на годишнина од заземањето на амбасадата на САД


Протестите во Техеран на годишнината од заземањето на американската амбасда во 2016 година

Иранските власти изложија во јавност балистичка ракета додека илјадници луѓе маршираа во Техеран на одбележувањето од заземањето на американската амбасада во 1979 година што доведе до прекинување на дипломатските односи на Вашингтон со земјата.

Демонстрантите кои се собраа пред поранешната американска амбасада каде за прв пат беше изложена ракета извикуваа „Смрт за Израел“ и „Долу со САД“. Демонстрантите запалија и слика со ликот на претседателот Доналд Трамп, како и знамето на Израел и на САД.

XS
SM
MD
LG