Достапни линкови

Јанакиески реагира дека одлуката на Апелација е скандалозна


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Апелациониот суд во Скопје во јули, годинава.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ја нарече скандалозна одлуката на Апелациониот суд за користење како доказ на прислушуваните разговори во случајот „Топлик“ на СЈО во кој, тој е првообвинет.

„Апелациониот суд одржал јавна седница одлучувајќи за моите права на која за жал не бев поканет и немав можност ниту да присуствувам ниту да ги изнесам моите аргументи со што го повреди принципот на еднаквост како основен елемент на правото на правично судење и грубо го прекрши членот 6 од Европската конвенција за човекови права“, наведува тој.

Јанакиески упатува и прашање до претставниците на СЈО, дали е извршена повреда на правото на приватност и семеен живот со прислушкувањето на неговите и на разговорите на неговата сопруга, направени надвор од законска процедура. Според него, обвинителите на СЈО уште еднаш потврдиле дека нивното дејствување е политичко и нема никакви допирни точки со правото и правдата.

Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“.

XS
SM
MD
LG