Достапни линкови

Макрон со апел до Путин за хуманитарна помош на Сирија


Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон упатил апел до неговиот руски колега Владимир Путин да го искористи влијанието на Кремљ со цел да се обезбеди пристап на хуманитарната помош во Сирија. Макрон кој вчера телефонски разговорал со Путин му порачал на рускиот лидер дека е потребно што побрзо да испрати помошта во Сирија која им е потребна на илјадници луѓе во земјата.

Русија, Иран и Турција се во преговори за воспоставување, организација и координација на последните четири зони на деескалација во Сирија. Но, хуманитарната помош која треба да биде одобрена од сириските власти има потешкотии да стигне до потребната дестинација.

XS
SM
MD
LG