Достапни линкови

Русија го одбележува Денот на национално единство


Вјачеслав Малцев на протест во мај, годинава во Москва.

Русија денеска го одбележува Денот на национално единство и стогодишнината од болшевичката револуција во 1917 година. Руските власти вчера соопштија дека притвориле неколку поддржувачи на самопротераниот критичар на Кремљ, Вјачеслав Малцев во Москва кои планирале да предизвикаат немири со напади врз владини институции и полицијата за време на прославата.

Федералната служба за безбедност соопшти дека осомничените се членови на "конспиративната ќелија" на движењето Артподготовка на Малцев, кој се опишува себеси како националист и анархист и кој на Јутјуб изјави дека Русија е подготвена за "револуција" овој викенд.

XS
SM
MD
LG