Достапни линкови

Тешко повредено лице при пукање на улица Владимир Комаров


Илустрација

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата Владимир Комаров во скопската општина Аеродром.

Очевидци изјавиле дека со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер, објави МИА.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец. Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на лице место.

Од МВР потврдија дека имало пукање, полицијата е излезена на лице место, а подетални информации ќе соопштат подоцна.

XS
SM
MD
LG