Достапни линкови

Протест во Приштина поради пресудите во „Диво Насеље“


Косово - Протест во Приштина за поддршка на групата обвинети во случајот „Диво Насеље“

Десетици граѓани денеска протестираа во Приштина во знак на незадоволство од пресудите на скопскиот Кривичен суд за 38-мината обвинети во случајот „Дива населба“. Тие се собрале на плоштадот „Захир Пајазити“, а потоа се упатиле кон македонската Амбасада, но биле спречени од полицијата. Потоа, се упатиле кон косовската Влада.

Тука ги пречекал косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој рече дека е изненаден од пресудата, додавајќи дека е потребна меѓународна помош за да се направи меѓународна истрага. Тој договорил состанок со еден од претставниците на протестот во понеделник.

Основниот суд Скопје 1 денеска изрече доживотна казна затвор за Сулејман Османи од село Брест, еден од организаторите. Судот вчера на казна доживотен затвор осуди седуммина, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Четворица од обвинетите, пак, беа ослободени од одговорност.

XS
SM
MD
LG