Достапни линкови

Во Русија уапсени лица кои планирале напади викендов


Русија - Опозицискиот активист Вјачеслав Малтсев, основач на движењето Артподготовка

Руското Федерално биро за безбедност соопшти дека се уапсени неколку лица од повеќе руски региони, кои се осомничени за планирање напади врз државни институции и полицијата што требало да се случат викендов. Според соопштението, осомничените се членови на движењето Артподготовка, формирано од опозицискиот активист Вјачеслав Малтсев.

Активистот, кој себеси се опишува како националист и анархист, во видео на Јутуб вели дека Русија ја очекува „револуција“ овој викенд, додека државата се подготвува за одбележување на Денот на национално единство.

Тие планирале да започнат масовни бунтувања со фрлање на молотов коктел кон административните објекти и да ја нападнат полицијата за време на викендот за да ја дестабилизираат социо-политичката ситуација во државата, се вели во соопштението на Бирото за безбедност.

Малтсев, поранешен регионален законодавец од саратовскиот регион, по неуспешната кандидатура во федералниот парламент избега од Русија во јули. Властите тогаш отворија истрага за него.

XS
SM
MD
LG