Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ-преседан е одржувањето рочиште без Јанакиески и одбраната


Илустрација - Лого на ВМРО-ДПМНЕ

Судот направи преседан одржувајќи рочиште без присуство на Миле Јанакиески и неговата одбрана, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната јавна седница во Апелациониот суд.

„Преседанот да биде поголем, Миле Јанакиески ниту бил информиран, ниту бил уредно повикан на денешното рочиште што е спротивно на законските одредби. Со таквиот чин директно му беше оневозможено да се произнесе за случајот и грубо му беше повредено правото на одбрана загарантирано за секој граѓанин на Македонија“, стои во реакцијата од партијата.

Според нив, на овој начин се суспендира и законот и Уставот и се покажува дека наместо правен, се води политички процес. За партијата како доказ дека се води политички процес е тоа што Јанакиески секој петок се пријавува во судот и тогаш судот можел да му достави покана.

„Судскиот совет мора да го преиспита ваквото постапување на апелација за да се стави крај на ваквите правни преседани. Денешната јавна расправа мора да се повтори за да се отстранат сите небулози на СЈО дека Јанакиески или кој било друг функционер нема право на приватност и може незаконски да биде прислушуван и тој и неговото семејство, а потоа тие монтирани разговори да се употребуваат за се и сешто“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG