Достапни линкови

МВР: Двајца сниматели приведени за неовластено снимање пред и во Судот


Скопје - Безбедносни сили пред судот, 02.11.2017

Поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот, вчера во 14 часот во полициската станица Кисела Вода беа приведени М. И. (29) од Скопје, снимател од македонска телевизиска куќа и Б.У. (35) од Косово, снимател од косовски медиум, информира МВР.

„Со приведените лица е извршен службен разговор во полициската станица Кисела Вода по што тие се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до скопското Основно јавно обвинителство за досега преземените мерки“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG