Достапни линкови

Њујоршкиот напаѓач за ИСИС е „калифатски војник“


САД - Згазени велосипеди по патеката каде помина напаѓачот со камионот, 31.10.2017

Исламската екстремистичка група денеска презеде одговорност за нападот во Њујорк на 31 октомври кога едно лице со камион прегази осуммина. ИСИС го нарече напаѓачот како „калифатски војник“, соопшти американска група за набљудување.

„Еден од војниците на Исламистичката држава нападна христијани на улица во Њујорк“, пишува во неделник на екстремистичката група, соопшти набљудувачката група.

Сејфуло Саипов, 29-годишен имигрант од Узбекистан е обвинет за тероризам по нападот во кој наводно користел изнајмен камион за да прегази велосипедисти и пешаци на велосипедска патека во близина на некогашните згради познати како „Близначки“. Обвинителите тврдат дека Саипов признал дека бил инспириран од Исламистичката група и дека се чувствуал добро по нападот. Полицијата има сомнежи дека Саипов следел интернет инструкции од ИСИС за како да се спроведе напад со камион. Според судски документи пак Саипов има илјадници пропагандистички фотографии и видеа од Исламистичката група на неговиот мобилен телефон.

XS
SM
MD
LG