Достапни линкови

Европска потерница за каталонскиот лидер Пучдемон


Белгија - Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон во прес центарот во Брисел, 30.10.2017

Шпанскиот суд издаде европска потерница за каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, потврди неговиот адвокат. Обвинителите побараа потерница за Пучдемон и за уште четворица поранешни членови на неговата влада. Ниту еден од петорицата вчера не се појави на суд во Мадрид каде беше закажано рочиште за обвинувањата за бунтовништво, противдржавно делување и злоупотреба на јавните средства за одржување на референдумот за независност.

Адвокатот на Пучдемон, Пол Бекарт изјавил дека очекува шпанскиот суд наскоро да издаде барање за екстрадиција до обвинителите во Брисел. Но, додаде дека Пучдемон ќе остане во Белгија и ќе ја обжали одлуката за екстрадиција.

Вчера, деветмина поранешни членови на каталонската влада, кои се товарат за истите кривични дела како и Пучдемон, се појавија на суд за распит по што беа пратени во притвор. Илјадници демонстранти синоќа во Каталонија протестираа против ова притворање. Притворените политичари преку нивните кандидати и социјалните мрежи упатија апел протестите да бидат мирни.

XS
SM
MD
LG