Достапни линкови

МНР со осуда за палењето на македонското знаме во Гњилане и Пеќ


Министерството за надворешни работи

Министерството за надворешни работи го осуди синоќешниот инцидент со палење на македонското знаме во Гњилане и Пеќ, откако вчера беа изречени пресудите за случајот „Диво Насеље“.

„МНР изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека надлежните косовски служби ќе преземат активности за утврдување на одговорноста на сторителите“, се наведува во реакцијата на МНР до МИА.

Во знак на протест поради долгогодишните затворски казни, меѓу кои и неколку на доживотен затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно беа запалени знамиња на Република Македонија, јави српската државна телевизија РТС.

Според телевизијата, знамињата биле запалени на протестите во двата града поради судските пресуди, на кои биле упатени повици до „Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против неправдата нанесена од Славомакедонците“.

XS
SM
MD
LG